Парите пред фудбалот: Блесна на Мундијалот и направи неочекуван трансфер!

Досегашниот фудбалер на Вест Хем, Крисенсио Самервил, денеска потпиша четиригодишен договор со саудискиот гигант Ал Хилал.

Според информациите на „Скај“, клубот од Саудиска Арабија ќе плати 55 милиони фунти, а дополнително може да исплати уште пет милиони преку бонуси.

Овој трансфер е трет најголем во историјата на лондонскиот клуб, по заминувањата на Деклан Рајс во Арсенал и Матеуш Фернандеш во Тотнем.

За 24-годишниот холандски крилен напаѓач интерес покажуваше и Рома, но нејзината понуда од 39 милиони фунти беше одбиена, исто така се споменуваше и Манчестер јунајтед кој сакаше прво да се ослободи од Рашфорд за да испрати конкретна понуда.

Вест Хем оваа сезона ќе игра во Чемпионшип, а само од двата трансфери летово, на Самервил и Фернандеш заработи повеќе од 150 милиони фунти.

Самервил минатата сезона одигра 34 натпревари за Вест Хем, постигна седум голови и забележа пет асистенции.

Тој настапи на сите четири натпревари за репрезентацијата на Холандија на Светското првенство во САД, Канада и Мексико, каде постигна два гола и имаше две асистенции.