Брегалница на еден ден пред натпреварот со Вардар избра нов тренер!

Екипата на Брегалница утре ја отвора новата сезона во Првата лига, а на еден ден пред дуелот со шампионот Вардар познато е и кој ќе ги води штипските сини.

Според информациите на штипската телевизија „Мнет“ на клупата на Брегалница ќе седи Никола Кузманов.

За Кузманов кој има 60 години ова е враќа на кормилото на клубот откако и во минатото исто така беше тренер. Кузманов дел од Брегалница беше и во минатата сезона со улога на помошник на стручниот штаб.

Низ кариерата беше тренер и на екипите на Слога Виница и Кит Го каде што во еден период работеше и како спортски директор.

Натпреварот помеѓу Вардар и Брегалница се игра во терминот од 17:00 часот, а сезоната ќе биде отворена денеска со дуелот на Тиквеш и Арсими во истиот термин.