Ливерпул подготвува 100 милиони фунти за наследникот на Салах
Главната желба на клубот е крилниот напаѓач на Пари Сен Жермен, Бредли Баркола. Францускиот репрезентативец се наметна како еден од најталентираните офанзивци во Европа, а неговата брзина, дриблинг и способност за игра „еден на еден“ се карактеристики поради кои Ливерпул го гледа како идеален наследник на Салах.
По заминувањето на Салах, кој остави огромна трага на „Енфилд“, Ливерпул е во потрага по играч со квалитет и карактер да ја преземе одговорноста во нападот. Клубот веќе разгледуваше неколку опции, меѓу кои и Јан Диоманде од РБ Лајпциг, но Баркола сега се издвојува како една од главните трансфер цели. Сепак, евентуалниот договор нема да биде лесен. ПСЖ не сака лесно да се откаже од својот фудбалер, а за неговиот потпис интерес покажуваат и други европски гиганти.
Ливерпул е подготвен да инвестира голема сума, бидејќи замената за Салах не се бара само како обичен трансфер, туку како играч кој треба да стане ново лице на тимот во следните години.