Ништо од бизнисот: Гвардиола ги откачи Италијанците
Според информациите на „Газета дело Спорт“, Гвардиола им соопштил дека во овој момент не се чувствува подготвен да ја преземе репрезентацијата и сака да направи пауза по завршувањето на долгата и успешна ера во Манчестер сити.
По неговото „не“, вниманието на Малдини и Леонардо целосно се насочува кон Андреа Пирло, кој во моментов е прв фаворит за селекторската функција. Според нивната визија, Италија сака да започне долгорочен проект од осум до десет години, со тренер кој ќе ја прифати стратегијата за развој на националниот тим и младинскиот фудбал.
Во конкуренција за селекторската позиција остануваат и Антонио Конте и Роберто Манчини, но Пирло во моментов има најголема поддршка од луѓето задолжени за спортскиот проект на „аѕурите“. Италијанската федерација се очекува во наредните денови да го соопшти името на новиот селектор.