Ибица гори: Украинска тенисерка во ептен жешко издание го „бутна“ Инстаграм (ВИДЕО)
Дваесет и четиригодишната тенисерка, која сезонава игра во одлична форма и се наоѓа на 11. место на ВТА-листата, накратко го остави рекетот настрана и со своите објави собра илјадници реакции од навивачите. Костјук на Инстаграм сподели фотографии во елегантен црн фустан, а меѓу бројните коментари се издвои и оној на германската тенисерка Ева Лис, која беше во нејзино друштво.
„Дали воопшто ми е дозволено да дишам покрај тебе во тој фустан?“, напиша Лис, коментар кој брзо стана еден од најлајкуваните под објавата.
Зад Костјук е извонредна сезона. Украинката освои титула во Мадрид, имаше забележителни настапи на Ролан Гарос и Вимблдон, а сега целиот фокус го насочува кон последниот грен-слем турнир во сезоната. На Ју-Ес Опен ќе пристигне со големи амбиции, особено по победите над неколку тенисерки од светскиот врв, меѓу кои Џесика Пегула и Аманда Анисимова.