Малдини: Да, го сакаме Гвардиола, разговаравме и со Анчелоти

Новото раководство на Фудбалскиот сојуз на Италија одржа прес-конференција на која ги презентираше досегашните резултати од својата работа, но главна тема беше изборот на нов селектор на репрезентацијата.

На чело со претседателот Џовани Малаго, техничкиот директор Паоло Малдини и неговиот прв соработник Леонардо, раководството зборуваше за најважното прашање во моментов.

Во последниот период се појавија информации дека Италија би можела да му ја довери репрезентацијата на Пеп Гвардиола, но сега е откриено дека во игра бил и Карло Анчелоти.

„Гвардиола? Не можеме да откриеме никакви детали, но да, го посочивте како една од нашите цели. Разговаравме и со Анчелоти. Сметавме дека е исправно да започнеме со најдобрите тренери во светот, но пред сè мора да провериме дали тие воопшто се достапни во овој момент. Идеално би било оваа недела да го именуваме новиот селектор, но уште подобро би било да почекаме за човекот кој навистина го сакаме. Брзаме, но во исто време не сакаме да донесеме избрзана одлука“, изјави Малдини.

Претходно Италијанците пишуваа дека проблемот околу ангажманот на Гвардиола се неговите финансиски барања кои наводно се двојно повисоки од тоа што Италија е подготвена да го понуди. (ТУКА)