Неверојатно: Само тројца фудбалери во светот вредат над 200 милиони евра!

По завршувањето на Светското првенство (СП) се промени и листата со највредни фудбалери во светот, па така на самиот врв сега се наоѓа Ерлинг Халанд.

Вредноста на Халанд изнесува 220 милиони евра, а веднаш зад него е Ламин Јамал чија цена „скокна“ за 20 милиони евра и сега вреди 218 милиони, додека во топ-3 се наоѓа и Килијан Мбапе чија вредност е 200 милиони.

По водечката тројка следи Мајкл Олисе со 170 милиони евра, додека петти е Џуд Белингам со вредност од 160 милиони евра.

Фото: Fotballandslaget