Официјално: Касемиро го облече дресот на Интер Мајами!

Бразилскиот фудбалер Касемиро официјално го облече дресот на Интер Мајами, откако претходно беше најавен како ново засилување за екипата од МЛС-лигата.

Касемиро стави потпис на едногодишен договор со Интер Мајами, а има опција да ја продолжи соработката до 2029 година.

Искусниот фудбалер минатата сезона го носеше дресот на Манчестер јунајтед, а претходно беше дел и од Реал Мадрид, Порто и други екипи.

Фото: Inter Miami CF