Интер ги почна подготовките со триумф од 16-0 (ВИДЕО)
Киву им даде шанса на голем број фудбалери, па Интер на теренот излезе со два различни состави во двете полувремиња. Во првите 45 минути постигнаа шест голови, а во вториот дел дури 10 погодоци.
Најефикасен во победата беше Пио Еспозито, кој постигна дури пет голови во второто полувреме од натпреварот.
Во листата на стрелци се запишаа и Давиде Фратези (два гола), Лука Топаловиќ (хет-трик), Матијас Москони (еден погодок), Енди Дијуф (два гола), Џамал Идризу (два погодоци) и Федерико Марко (еден гол).
Live reaction: 👏🥹 pic.twitter.com/3vSGTgJCVz
— Inter ⭐⭐ (@Inter) July 22, 2026
Фото: Inter