Сити не мора да се грижи ова лето, ама идното ќе има жестока борба за Халанд
Во изминатиот период норвешкиот голгетер често беше поврзуван со Реал Мадрид, а дополнителен интерес предизвика и изјавата на неговиот татко Алфи Халанд дека секој фудбалер сонува да игра за „кралскиот клуб“. Сепак, најновите информации велат дека самиот напаѓач им наложил на своите агенти да ги прекинат сите разговори за евентуален трансфер за целосно да се фокусира на настапите за Манчестер сити.
Иако актуелниот договор на Халанд со англискиот шампион е долгорочен, извори блиски до фудбалерот тврдат дека следното лето повторно би можело да биде исклучително интересно кога станува збор за неговата иднина.
Халанд зад себе има одлично Светско првенство, на кое постигна седум голови и беше најдобар стрелец на норвешката репрезентација, која стигна до четвртфиналето.