МЗТ, ТФТ и дебитантот Маџари ги дознаа ривалите во АБА2 лигата!

Maкедонија во АБА2 лигата во наредната сезона ќе има три претставници и тоа шампионот МЗТ, ТФТ и Маџари кој ќе биде дебитант во регионалното натпреварување.

На денешната ждрепка македонските екипи ги добија и противниците во групната фаза, МЗТ Скопје ќе биде сместен во групата „Ц“ каде што ќе води битки со Сутјетска, Слобода Уќица и Триглав Крањ.

Маџари во својата прва сезона во ова натпреварување ќе игра против Војводина, Борац и Морнар групата „А“.

ТФТ е сместен во групата „Б“ која е единствената со пет екипи, па тимот од Тафталиџе ќе игра против Слобода, ГГД Шенќур, Херцеговац и Подгорица.