Срамно: Аргентинците го бојкотираа давањето на пехарот - им свртеа грб на Шпанците!
Откако Феран Торес во 106. минута го постигна голот за новата светска титула на „црвената фурија“, дел од аргентинските репрезентативци најпрво влегоа во жестоки вербални и физички расправии со шпанските играчи, а контроверзиите продолжија и за време на церемонијата на доделување на трофејот.
Додека капитенот на Шпанија, Родри, го креваше пехарот наменет за светскиот шампион, целата аргентинска репрезентација стоеше на спротивниот крај од теренот со свртени грбови кон победниците. Овој потег предизвика дополнителен револт, особено ако се знае дека само неколку минути претходно шпанските фудбалери им направија почесен шпалир на Лионел Меси и неговите соиграчи кога ги примаа сребрените медали. Наместо да возвратат со ист гест на почит, Аргентинците демонстративно се повлекоа и одбија да присуствуваат на славјето на новите светски шампиони.
Ниту аргентинските навивачи не останаа имуни. Во моментите кога Родри ја примаше „Златната топка“ за најдобар играч на Светското првенство, од трибините одекнуваше скандирање на името на Лионел Меси. Шпанскиот репрезентативец Дани Олмо по натпреварот беше запрашан како го коментира однесувањето на ривалите.
„Не нè интересира тоа. Најважни се вредностите што ги пренесуваш. Ние сме пример за многу генерации, а такви треба да бидат и тие. Сега ќе уживаме во ова што го постигнавме“, изјави Олмо.