Шпанија освои богатство со светската титула - најмалку по „милионче“ за секој фудбалер
Според шпанските медиуми, дури 45-отсто од наградата ќе бидат распределени меѓу фудбалерите, што значи дека секој од нив ќе инкасира околу милион долари, пред одбивањето на даноците. Финалистот Аргентина ќе добие 34 милиони долари, додека третопласираната Англија ќе заработи 30 милиони, а Франција, која заврши на четвртото место, ќе инкасира 28 милиони долари.
По 20 милиони долари ќе добијат репрезентациите што стигнаа до четвртфиналето – Швајцарија, Норвешка, Белгија и Мароко. Селекциите што завршија од деветтото до 16. место ќе заработат по 16 милиони долари и тоа Колумбија, Египет, САД, Португалија, Мексико, Бразил, Парагвај и Канада. По 12 милиони долари ќе добијат Гана, Австралија, Алжир, Зеленортските Острови, Австрија, Босна и Херцеговина, Хрватска, ДР Конго, Сенегал, Шведска, Брегот на Слоновата Коска, Еквадор, Германија, Јапонија, Јужна Африка и Холандија.
На крајот, по 10 милиони долари** ќе заработат Јужна Кореја, Иран, Узбекистан, Ирак, Уругвај, Саудиска Арабија, Шкотска, Курасао, Катар, Панама, Јордан, Чешка, Тунис, Нов Зеланд, Хаити и Турција.
Со рекордниот награден фонд, СП 2026 стана и финансиски најисплатливото во историјата, а најголеми добитници, покрај новите светски шампиони, се и нивните фудбалери, кои ќе си поделат речиси половина од заработката.
ФОТО: FIFA.com