Вардар и Шкендија ги дознаваат можните ривали за третото квалификациско коло во КЛ!
Вардар и Шкендија ќе ги дознаат евентуалните противници за третото квалификациско коло, двата македонски тима се носители во ждрепката.
Утринава излезе и скратениот список на можни противници за македонските тимови.
Вардар е по шампионскиот пат, во третото квалификациско коло би играл со некој од Интер Ескалдес од Андора или со победникот од дуелот меѓу Атерт Бисен од Луксембург и Ѓер од Унгарија.
Шкеднија има повеќе опции за противник во третото коло, тие би играле со некој од победниците во мечевите Дебрецин (Унгарија) - Пјуник (Ерменија), Паиде (Естонија) - Зире (Азербејџан), Малишева (Косово) - Хибернијан (Шкотска), Хамбри (Шведска) - Андерлехт (Белгија) или Стјарнан (Исланд) - Тампере (Финска).
Но, за да стигнат до третото квалификациско коло, Вардар и Шкендија најпрво треба да ги победат ривалите во второто квалификациско коло.
Вардар во вторник на Градски со почеток од 20 часот ја почнува битката со Рига од Летонија.
Шкендија во четврток од 20:45 часот гостува кај Браво од Словенија.