Скалони плачејќи: Ме боли душата! (ВИДЕО)
На прес-конференцијата по мечот тој не можеше да се смири од плачење. Во плач рече: „Ова боли. Ме боли душата“.
Веројатно ќе го напушти кормилото на Аргентина по крајот на оваа календарска година.
„Ќе продолжам да бидам селектор на Аргентина до декември, а потоа веројатно ќе заминам“, додаде Скалони.
„Заслужувам да земам време да размислам што ќе правам понатаму. Ќе го испочитувам договорот кој трае до декември, а потоа ќе видиме“.