Додека цел свет гледаше фудбал, Роналдо - пливаше! (ВИДЕО)
На неколку часа пред финалето, португалската ѕвезда објави видео како плива. Сакаше да привлече внимание и успеа.
Тој сподели момент од неговиот луксузен начин на живот, покажувајќи како го поминува времето далеку од тензијата која ја носи најголемиот натпревар во фудбалот.
Неговата објава предизвика многу реакции на социјалните мрежи. Дел од нив сметаа дека Роналдо намерно се обидува да го одвлече вниманието од финалето бидејќи тешко прифаќа дека не е во центарот на случувањата, додека неговите фанови сметаат дека Португалецот одамна веќе глобален бренд, па секоја негова објави наидува на реакции, понекогаш и пренагласени.