Родри: Меси е најдобриот фудбалер во историјата!

Капитенот на Шпанија, Родри пред финалето на Светското првенство (СП) против Аргентина зборуваше за Лионел Меси.

Родри смета дека најголемата опасност доаѓа од предводникот на Аргентинците, па поради тоа мора да посветат посебно внимание на Меси.

„Прво треба да го држиме подалеку од казнениот простор. Мора да бидеме поагресивни. Меси е најдобар фудбалер во историјата“, кажа Родри.

Шпанецот зборуваше и за талентираниот Ламин Јамал, а притоа имаше само пофални зборови за младиот фудбалер.

„Јамал игра на врвно ниво, неговиот развој е неверојатен“, кажа Родри за Јамал.

Финалето меѓу Шпанија и Аргентина се игра утре од 21 часот.

Фото: Selección Argentina in English