Руни го исполни ветувањето и стана хит: Загуби облог, па веслаше поради Норвешка (ВИДЕО)

Легендарниот англиски фудбалер Вејн Руни покажа дека е човек од збор и реши да го исполни ветувањето откако загуби облог за време на Светското првенство (СП).

Руни кажа дека ќе весла по реката Хадсон доколку Норвешка успее да го елиминира Бразил. Малкумина веруваа во такво чудо, но на крајот Ерлинг Халанд и сонародниците приредија сензација.

Поранешниот напаѓач реши да го исполни ветувањето, па заедно со Мика Ричардс и Џо Харт реши да весла по реката.