Противничката на Лина знае како со „хејтерите“ - ја навредија, па брутално им одговори! (ФОТО)

Американската тенисерка Аманда Анисимова која ја елиминираше нашата Лина Ѓорческа во првото коло во нејзиниот историски настап на Вимблдон сега го привлече вниманието со нејзиниот потег на социјалните мрежи.  

Анисимова на Вимблдон стигна до третото коло каде што загуби од сонародничката Медисон Киз, а по тој меч на социјалните мрежи доби навредливи коментари поврзани со нејзината тежина. 

Наместо да влегува во расправии и да троши време на негативни коментари, 24-годишната Американка избра поинаков пристап. Таа објави неколку опуштени фотографии од базен, а во описот со доза иронија напиша:

„Вашите коментари навистина многу ме погодуваат.“

Со неколку емотикони што се смеат, јасно стави до знаење дека навредите не ја допираат, а нејзината објава наиде на бројни позитивни реакции и поддршка од навивачите.

Анисимова во моментов се наоѓа во важен дел од сезоната. Како деветта тенисерка на ВТА-листата не успеа да ги одбрани бодовите освоени минатата година, кога играше во финалето на Вимблдон, па во продолжението од северноамериканската турнеја ќе се обиде да освои нови бодови и да го задржи местото меѓу десетте најдобри тенисерки во светот.