Немили сцени по мечот Силекс - Динамо: Белорусите провоцираа, малку фалеше за хаос! (ВИДЕО)
Малку недостасуваше да дојде до масовна тепачка откако Калинин го погоди клучниот пенал за победа на Динамо, а потоа тргна да ги провоцира домашните фудбалери. Место да слави со соиграчите, тој тргна кон противниците, а тоа не им се допадна на кратовци.
Веднаш му се пуштија српските интернационалци Шуберт и Делимеѓац, потоа се вклучија и другите фудбалери и дојде до голема мешаница на средината од теренот. За среќа, не дојде до тепачка иако завојуваните страни до крајот продолжија со навреди и пцовки.