Шкендија со нова победа над Европа го завери местото во следната рунда! (ВИДЕО)
Македонскиот вицешампион работата си ја заврши на првиот натпревар, од гостувањето се врати со пет голови позитива, па денеска си дозволи мирен реванш.
Фудбалерите на Шкендија не се испотија многу, ја контролираа играта, а на крајот постигнаа и гол за нова победа.
Ване Крстевски го постигна победничкиот гол во 86. минута од натпреварот.
Шкендија во следното коло ќе игра против словенечкиот тим Браво. Првиот натпревар го игра на гостински терен.


