Арсенал си купи Грк за 40 милиони евра од Клуб Бриж (ФОТО)

Англискиот шампион Арсенал го договори трансферот на грчкиот репрезентативец Христос Цолис, кој пристигнува од Клуб Бриж за 40 милиони евра.

Новинарот Фабрицио Романо објави дека договорот меѓу двете екипи е постигнат, а Цолис од самиот почеток инсистирал да ја продолжи кариерата на „Емирати“.

Арсенал ги прифатил барањата на Клуб Бриж и наскоро ќе го промовира фудбалерот кој треба да биде замена за Леандро Тросар.

„Топчиите“, сепак, нема да запрат со овој трансфер и веќе се најавува уште едно засилување на крилните позиции до крајот на летниот преоден рок.

Фото: Facebook/Arsenal