Кошаркарите ги дознаа ривалите за втората фаза од претквалификациите за ЕП!
На ждрепката избраниците на селекторот Берокал во групата Ф ги добија селекциите на Kипар и Австрија. Натпреварите од оваа втора рунда во претквалификациите се закажани за 27-30 август, 26-29 ноември и 25-28 февруари.
Пласман во главните квалификации обезбедува само првопласираната репрезентација во овој циклус, а серијата ја почнуваме на 30 август на гости кај Австрија.
