Важен ден за македонската кошарка: Репрезентацијата и МЗТ Скопје ќе дознаат со кого ќе играат

Во Минхен денеска ќе се одржат неколку ждрепки за претстојната сезона во ФИБА натпреварувањата.

За нас, најважни се оние за ФИБА Европа купот и за втората претквалификациска фаза за Европското првенство.

Во групниот сегмент од Европа купот ќе учествува актуелниот шампион МЗТ Скопје како единствен претставник од Македонија. Аеродромци се сместени во шестиот шешир во ждрепката што ќе почне во 12 часот.

Од 12:45 ќе се одлучува како македонската кошаркарска репрезентација ќе го продолжи патот кон континенталниот шампионат. Веќе се знаат по две селекции од секоја група, а прашање е каде Македонија, Бугарија, Словачка и Норвешка ќе бидат сместени во следната фаза.