Маневски: Сакаме против Рига да ја поправиме сликата пред нашите навивачи!

Вардар беше елиминиран од фински КуПС во првото квалификациско коло од Лигата на шампиони (ЛШ), а фудбалерот на скопскиот тим, Михаил Маневски жали за пропуштената шанса во Купио.

„Црвено-црните“ заминаа во Финска со негатива од 0-2, но покажаа квалитетна игра и изборија продолженија против КуПС, меѓутоа немаа сила за целосен пресврт во конечниот резултат од двомечот.

„Натпреварот во Финска го одигравме добро. Успеавме да победиме, но за жал со недоволна разлика да одиме понатаму. Во текот на мечот се држевме добро, но во продолжението на виделина излезе оној плус што КуПС го имаше уште пред овој двомеч, тоа е што е во натпреварувачки ритам. Сега ги продолжуваме европските настапи во Конференциската лига, каде следи двомеч со летонска Рига. Ќе го дадеме најдоброто од себе, првиот меч ни е дома и ќе се бориме да ја поправиме сликата пред нашите навивачи“, кажа Маневски.

Вардар ќе се судри со Рига на 23 јули во Скопје.