Англија е фаворит, ама Аргентина никогаш не загубила полуфинале на Светско првенство
Англичаните се надеваат на своето второ финале во историјата, прво по пауза од 60 години, додека Аргентина ќе се бори за продолжување на надежите за одбрана на титулата освоена во 2022 година. Според обложувалниците, мал фаворит е Англија, но традицијата е далеку на страната на „гаучосите“.
Таа вели дека на пет досегашни настапи во полуфиналето, Аргентина има исто толку победи и никогаш не загубила во оваа фаза. Првпат играла во полуфинале на инаугуралниот Мундијал, во 1930 година кога ги победила САД со 6-1, а потоа истиот успех го остварила во: 1986 (Белгија 2-0), 1990 (Италија 1-1, 4-3 на пенали), 2014 (Холандија 0-0, 4-2 на пенали) и 2022 година (Хрватска 3-0).
Покрај сето ова, неверојатно звучи податокот дека Аргентина е најефикасна репрезентација во досегашниот дел од Светското првенство со 17 гола што значи дека и одбраната на Англичаните ќе биде на силен тест.