Јокиќ и Леброн нема да играат заедно: Џејмс го одбил Денвер!
Дел од медиумите шпекулираа дека Леброн ќе потпише за Денвер и ќе создаде моќен тандем со Никола Јокиќ, но такво нешто нема да се случи.
„Леброн е сè поблиску до одлука. Информациите на сите ви се познати, разговорите со Рич Пол траат и оваа недела се обидуваат сите да го привлечат. Кливленд, Мајами, Голден Стејт и Минесота се опции, сите други ги одби. Леброн сака да игра во тим кој ќе се бори за титула“, кажа новинарот Шемс Чаранија.
Фото: Facebook/Los Angeles Lakers