Литванец урна рекорд на Владо Илиевски стар 26 години!

Литванскиот кошаркар, Мантас Јузенас постави нов рекорд по бројот на постигнати поени на У20 европските првенства откако денеска постигна 46, во победата на неговата селекција против Полска со 112-67.

До него, 19-годишниот кошаркар стигна за само 25 минути во игра, погодувајќи седум тројки од 13 шута, 11/13 за два и 3/3 од линијата за слободни фрлања. Интересно е тоа што со ова го собори рекордот на поранешниот македонски репрезентативец Владо Илиевски кој беше поставен далечната 2000 година на Европското првенство што се одржа во Охрид. Јузенас не се прослави на првите два натпревара на ова првенство на кои имаше просек од 11 поени со 31,8% шут од игра. 

Покрај рекордот по бројот на постигнати поени, тој постави рекорд и по остварен индекс на натпревар од Европско првенство во младинска конкуренција. Освен 46. поени, постигна уште 12 скока и пет асистенции за индекс 55 со што го симна од врвот поранешниот украински кошаркар Серхиј Лишчук кој во 2002 година оствари 49.