Полиција отвори истрага по смртта на фудбалерот на Јужна Африка
Адамс беше пронајден мртов неколку денови по враќањето од Мундијалот, каде што настапи со Јужна Африка.
„Централната полиција на Кејптаун отвори истрага откако во саботата е пронајдено телото на 25-годишен маж. Ќе се истражат сите околности кои придонеле за оваа трагедија“, се вели во соопштението.
Таткото на Адамс претходно кажа дека семејството ги чека резултатите од обдукцијата, а во дел од медиумите се појавија шпекулации дека фудбалерот се самоубил.
Фото: Bafana Bafana