Шест репрезентации веќе имаат билет за настап на СП 2030

Светското првенство (СП) во 2026 година сè уште не завршило, а веќе се познати шест учесници на следниот Мундијал благодарение на правило на Светската фудбалска федерација (ФИФА).

Мундијалот во 2030 година ќе се игра во дури шест држави, распоредени на три континенти – Европа, Африка и Јужна Америка, а натпреварите ќе се играат во Шпанија, Португалија, Мароко, Уругвај, Аргентина и Парагвај, што значи дека овие репрезентации веќе имаат билет за настап.

Поради статусот домаќини тие земји добиваат автоматско учество на турнирот, кој ќе биде јубилеен и ќе биде прв Мундијал во историјата кој ќе се игра на три континенти.

Шпанија, Португалија и Мароко ќе биде главни домаќини и таму ќе се играат најголем дел од натпреварите, додека во Аргентина, Уругвај и Парагвај ќе се играат дуели со кои ќе се одбележи 100-годишнината.

Според првичната идеја, на турнирот треба да настапат 48 репрезентации, меѓутоа претседателот на ФИФА, Џани Инфантнино веќе ја спомена идејата за зголемување на бројката на учесници на 64 екипи.

Фото: FIFA World Cup