Барса може да остане со празни раце: Арсенал стана прв фаворит за потписот на Алварез
Напаѓачот наводно изјавил дека сака да го напушти Атлетико Мадрид. Според авторитетниот медиум, самиот Хулијан Алварез е отворен за премин во Арсенал. Во принцип, тој би претпочитал да остане во Шпанија, но Атлетико Мадрид одбива да го продаде својот ѕвезден играч на директните конкуренти, Барселона и Реал Мадрид.
Ова е факт што го става Арсенал во силна позиција и лондончани сакаат да го искористат. Разврската околу иднината на напаѓачот се очекува по завршувањето на Светското првенство каде Алварез со аргентинската репрезентација стигна до полуфиналето и ќе се бори за нова титула.