Да не беше Серлот себичен, можеби сега Норвешка ќе беше полуфиналист (ВИДЕО)

Норвешката репрезентација „довесла“ до четвртфиналето на Светското првенство, но таму беше запрена од Англија со победа по продолженијата и поништениот гол на Торбјорн Хегем во 55. минута.

Сепак, Норвежаните секако се многу попогодени од ситуацијата на крајот од првото полувреме, кратко пред Џуд Белингам да го донесе израмнувањето на „Гордиот Албион“. Тогаш Александар Серлот одлучи да солира место да му додаде на Ерлинг Халанд. Напаѓачот на Манчестер Сити имаше отворен простор пред себе и со оглед на неговите квалитети, ќе имаше што да покаже пред Пикфорд. Со евентуални 2-0 на полувреме, ситуацијата за Норвежаните секако ќе беше поинаква.

 

 

Секако, тимот на Столе Солбакен не го критикуваше 30-годишниот напаѓач на Атлетико Мадрид за овој потег во своите изјави по натпреварот, но корисниците на социјалните мрежи не простуваат таква грешка во клучни моменти.