Случајно или по „наредба“ на ФИФА? Најдобрите четири првпат во битка за златото!

Годинешниот Мундијал ќе остане запаметен по уште еден историски податок - за првпат во историјата во полуфиналето ќе играат четирите најдоброрангирани репрезентации на ФИФА-листата.

Овој пат тоа се Аргентина, Франција, Шпанија и Англија, кои освен што остануваат во игра за златото се и на самиот врв од светскиот фудбал. Првото полуфинале е закажано за вторник (14 јули), кога во Арлингтон ќе се соочат Франција и Шпанија и тоа од 21 часот по македонско време. Ден подоцна, во истиот термин, Атланта ќе биде домаќин на второто полуфинале, во кое актуелниот светски шампион Аргентина ќе ги одмери силите со Англија.

Фактот што меѓу четирите најдобри се најдоа токму четирите првопласирани селекции на ФИФА-листата дополнително ја потврдува доминацијата на светските велесили на овој шампионат, а многумина веќе го оценуваат ова како едно од најсилните полуфиналиња во историјата на Светските првенства. Но, има и такви дека ваквата завршница е „диригирана“ од врвот на ФИФА со цел да се максимизира интересот, а со тоа и заработката од секој можен сегмент.

Победниците од двата дуела ќе играат во финалето на 19 јули, додека поразените ќе се борат за третото место ден претходно.

ФОТО: X / @ballondor