Златан удри по Англија, судијата и ФИФА: Гајле ми е - правилата мора да се исти за сите!
Во дебатата се вклучи и легендарниот Златан Ибрахимовиќ, кој жестоко ја критикуваше одлуката натпреварот да не биде прекинат. Швеѓанецот, кој за време на Мундијалот е стручен консултант на телевизијата „Фокс“, смета дека судијата направил сериозна грешка бидејќи не ја прекинал играта во моментот кога топката, според него, го допрела кабелот од подвижната камера и го сменила правецот на движење.
„Воопшто не ми е важно дали тоа се случило во првата или во 90. минута, правилата мора да важат подеднакво за сите. Ако топката удри во кабелот од камерата и тоа влијае на нејзиното движење, тоа е надворешно влијание врз играта и судијата мора веднаш да го прекине натпреварот. Сега сите зборуваат за одличната завршница на Белингем, но клучното прашање е дали тој напад воопшто смееше да продолжи. Ако ги почитуваме правилата – одговорот е не“, изјави Ибрахимовиќ.
Легендарниот напаѓач смета дека реакциите ќе биле многу поинакви доколку идентичен погодок постигнела Норвешка.
„Фудбалот не смее да стане игра во која законите се игнорираат само затоа што е постигнат атрактивен гол. Замислете Норвешка да дадеше идентичен погодок против Англија – ќе настанеше општ хаос. Не можете од играчите да барате да ги почитуваат правилата, а вие самите да ги занемарувате кога тоа ви одговара. Единствената исправна одлука ќе беше спуштена топка, доколку кабелот навистина влијаел на летот на топката. Во тој случај нема напад, нема израмнување и нема никаква дебата“, порача Ибрахимовиќ.