Меси емотивен по новата драма: Патевме, ама маме му е*ам - одиме понатаму (ФОТО)
„Гаучосите“ трет меч по ред во нокаут-фазата го решаваат дури по 120 минути игра, а главна фигура и понатаму е Лионел Меси. Алексис Мек Алистер донесе водство во 10. минута, Дан Ндоје израмни во 67., а само пет минути подоцна Швајцарците останаа со играч помалку по исклучувањето на Брил Емболо. Сепак, Аргентина дури во продолженијата успеа да ја скрши жестоката одбрана на противникот, со головите на Хулијан Алварез во 112. и Лаутаро Мартинез во првата минута од судиското продолжение.
Претходно, Аргентина по продолженија ги елиминираше и Зеленортските Острови и Египет (по 3-2), што значи дека актуелниот светски шампион до полуфиналето стигна по три последователни вистински драми. По натпреварот, Меси се огласи на Инстаграм, каде што не ги криеше емоциите.
„Повторно моравме да патиме, но оваа екипа никогаш не престанува да верува. Повторно сме меѓу четирите најдобри во светот! Ајдеее, да му е*ам мајката!“, напиша капитенот на Аргентина.
Неговата објава за нешто повеќе од еден час собра околу три милиони лајкови, што уште еднаш потврди колкаво внимание привлекува секој негов настап и порака. Аргентина во полуфиналето ќе се соочи со Англија в среда од 21 часот, во дуел кој ќе одлучи кој ќе се бори за светската титула.
ФОТО: X / @InterMiamiCF