Македонија загуби убедливо од Ирска на вториот меч на ЕП
Ирска го наметна своето темпо на играта од самиот старт, па така првата четвртина ја доби со 20-13, додека Македонија заигра за нијанса подобро во вторите 10 минути и на полувремето намали на 27-31.
Целосен распад доживеаја македонските кошаркари кои постигнаа само пет поени во третата четвртина, додека Ирска тоа го искористи за да поведе со убедливи 48-32.
Последните 10 минути од натпреварот беа најефикасни на паркетот, а Македонија до крајот на средбата успеа да го ублажи поразот (56-69).
Најефикасен кај Македонија беше Коста Ќириловски со 17 поени, пет скокови и една асистенција. На спротивната страна блесна Виктор Окојие со 24 поени, 10 скокови и една асистенција.
Фото: КФМ