Зверев го растури Фери и стана прв финалист на Вимблдон

Германскиот тенисер Александер Зверев без посериозни проблеми го совлада Артур Фери со 3-0 во сетови, односно 7-6, 6-2 и 6-4 за пласман во финале на Вимблдон.

Фери, кој е вистинска сензација на турнирот, даде најголем отпор во првиот сет кога се избори за тај-брејк, меѓутоа Зверев со 7-0 го освои сетот.

Играта на Фери брзо се распадна во вториот сет, па Зверев со два брејка, во третиот и петтиот гем, стигна до убедливи 6-2.

Зверев го реши третиот сет со брејк во петтиот гем, кога поведе со 3-2, а потоа сервираше без проблеми до конечни 6-4.

Германецот во финале на Вимблдон ќе се соочи против победникот од мечот меѓу Јаник Синер и Новак Ѓоковиќ.