Екипа му забрани на свој фудбалер да игра во четвртфинале на СП!
Дебаст, кој го носи дресот на Спортинг Лисабон, очигледно нема да биде на располагање на Белгија на дуелот во Лос Анџелес, а причината е спорот меѓу екипата и белгискиот фудбалски сојуз.
Белгискиот фудбалски сојуз објави дека Спортинг му забранил да игра на Дебаст затоа што смета дека не е подготвен за настап. Проблемот е во тоа што проценката на медицинскиот тим не се поклопува со таа на докторите од репрезентацијата.
Шпанија и Белгија ќе се соочат вечерва од 21 часот.