Колумбиец добива смртни закани зашто промаши голема шанса против Швајцарија!

Швајцарија беше елиминирана од Колумбија во осминафиналето на Светското првенство (СП), а трагичар на натпреварот беше Хаминтон Кампаз, кој добива смртни закани поради промашена шанса.

Кампаз имаше шанса „еден на еден“ со голманот на Швајцарија, меѓутоа не ја погоди мрежата на ривалот, а тоа ги налути Колумбијците.

Колумбиецот по елиминацијата од Мундијалот не се вратил во татковината затоа што добил сериозни закани по неговиот живот.

„Моја Колумбијо, ве молам да не изгубиме почит едни кон други. Може да мислиме поинаку, да сме лути, но ниту една страст не оправдува омраза, ниту живот во страв“, вели фудбалерот.

Во Колумбија секогаш се сфаќаат сериозни бидејќи сите ја паметат стравичната судбина на Андрес Ескобар, кој беше убиен по враќањето од СП во 1994 година.