„Би сакал да видам како Ѓоковиќ уште еднаш го крева пехарот“
Поддршка за Ѓоковиќ стигна од легендарниот Маркос Багдатис кој вели дека сака уште еднаш да види како српскиот тенисер го крева трофејот на Вимблдон.
„Кај него веќе ништо не ми е лудо. Би сакал да видам како уште еднаш го крева пехарот. Не знам зошто, но така е. Многу добро го познавам, навистина би сакал да видам како уште еднаш го прави тоа“, вели Багдатис.
„Синер има добри шанси, но Ѓоковиќ веќе го победи на Австралија опен во јануари. Тоа беше пред само шест месеци“.