Мароко не е дораснат за оваа Франција - Мбапе и Дембеле стрелаа за полуфинале! (ВИДЕО)

Франција не дозволи изненадување против Мароко и со победа од 2-0 го продолжи походот по светската титула.

Од самиот почеток Французите беа подобар противник на теренот, доминираа и напаѓаа, констатно се играше пред голот на Боно. Мароко ретко излегуваше на противничката половина.

Најголемата шанса за гол во првото полувреме ја пропушти Мбапе, голгетерот на Реал Мадрид изнуди пенал во по нешто помалку половина час игра, но не го реализираше, Боно го одбрани неговиот удар од 11 метри.

На пауза така се замина со почетниот резултат. Можеби не успеа пенал, но затоа Мбапе на истекот на еден час игра го отвори резултатот со еден мајсторски гол со удар од далечин. За него ова беше осми гол на Мундијалот со кој се израмни со Меси и 20-ти вкупно на мундијалите во 21. настап, тука Меси има еден повеќе.

Точка на натпреварот шест минути подоцна стави Дембеле кој по додавањето од Мбапе одлично си создаде простор и стрелаше за 2-0.

Во полуфиналето Франција ќе го чека подобриот од утрешното полуфинале помеѓу Шпанија и Белгија.