Звезда му верува на Гаштаров, Македонецот потпиша нов договор!
Гаштаров очигледно оставил добар впечаток во текот на подготовките, па српскиот гигант му го продолжи договорот до 2029 година.
Во редовите на Звезда, Гаштаров пристигна во 2024 годсина и чекор по чекор, дојде многу блиску да стане стандарден дел од првиот тим. На подготовките летово зад себе веќе има и еден гол.
Звезда во изминатата сезона го испрати на позајмица во Борац Чачак каде што собираше сениорско искуство.