Трагедија во Романија: Се удави поранешен фудбалски репрезентативец

Поранешниот романски фудбалер Габриел Мурешан трагично го загуби животот на 45-годишна возраст, откако се удавил во езеро во близина на градот на кој беше градоначалник, пренесуваат локалните медиуми.

Романскиот фудбалски сојуз ја потврди тажната вест за смртта на поранешниот репрезентативец, кој настапи девет пати за националниот тим во периодот од 2007 до 2011 година, вклучувајќи ги и квалификациските натпревари за Светското и Европското првенство.

„Романскиот фудбалски сојуз изразува најискрено сочувство до семејството, пријателите и сите што го познаваа Габриел Мурешан“, се наведува во соопштението.

Најголемите успеси во својата играчка кариера ги оствари во дресот на Клуж, со кој ги освои титулите шампион на Романија во 2008, 2010 и 2012 година. Во шесте сезони поминати во клубот, со Клуж освои и три национални купа.

Во Лигата на шампионите настапи во три групни фази, играјќи против европски гиганти како Челси, Манчестер јунајтед и Рома.