Рајс во завршил во изолација, може да не игра против Норвешка!
Како што пишува „Дејли мејл“, еден од клучните играчи на тимот, играчот од средниот ред Деклан Рајс, се разболел од вирус и е изолиран од останатите репрезентативци.
Фудбалерот на Арсенал, кој во текот на турнирот имаше проблеми со тетивата на коленото и долниот дел од грбот, поради вирусот ги пропуштил и двата последователни тренинзи.
Фудбалската асоцијација на Англија веднаш реагирала и го изолирала Рајс од соиграчите за да спречи можно ширење на заразата, а неговиот настап против Норвешка е неизвесен.
Натпреварот меѓу Англија и Норвешка ќе се одигра в сабота во Мајами, со почеток од 23 часот по македонско време.