Клоп откри непознати детали, преговарал со Мбапе во авион за никој да не знае (ВИДЕО)

Поранешниот менаџер на Ливерпул, Јирген Клоп, откри дека клубот од „Енфилд“ направил сѐ што било во негова моќ за да го ангажира Килијан Мбапе уште во 2017 година, пред францускиот напаѓач да одлучи да потпише за Пари Сен Жермен.

Германскиот стратег, кој за време на Светското првенство работи како стручен аналитичар за изјави дека тоа бил „најскапиот неостварен трансфер“ во кој Ливерпул инвестирал, обидувајќи се да го доведе тогаш 18-годишниот напаѓач на Монако.

„Навистина дадовме сѐ од себе. Организиравме лет од Блекпул до Ница, каде што целото семејство на Мбапе се качи во приватен авион со околу пет простории. Летавме, разговаравме со семејството и уживавме во добра храна“, раскажа Клоп.

Тој додаде дека сакале преговорите да останат далеку од очите на јавноста, па затоа летале во круг за да не бидат забележани.

„Летавме во круг затоа што не требаше да бидеме забележани. Беше фантастично. Но, на крајот тој замина во Париз“, изјави Клоп.

Мбапе подоцна му се приклучи на Пари Сен Жермен како позајмен фудбалер, со можност договорот да биде откупен за 180 милиони евра. Во Париз помина седум години, стана најдобар стрелец во историјата на клубот, а во 2024 година како слободен играч се пресели во Реал Мадрид.