Селекторот на Мароко разочаран: Франција даде гол по игра со рака (ВИДЕО)

Селекторот на Мароко, Мохамед Уахби, не го криеше разочарувањето по елиминацијата од Франција во четвртфиналето на Светското првенство, тврдејќи дека првиот гол на „триколорите“ не требало да биде признат.

Уахби смета дека во акцијата што му претходеше на погодокот на Килијан Мбапе имало игра со рака, што, според него, ги збунило и деконцентрирало неговите фудбалери во клучниот момент од натпреварот одигран во Бостон.

„Голот падна по една ничија топка. Некои од моите играчи застанаа затоа што видоа игра со рака. Имаше игра со рака, но не знам дали според правилата требаше да се досуди“, изјави Уахби.

И покрај незадоволството од судиската одлука, селекторот на Мароко призна дека Франција заслужено славела.

„Мора да признаеме дека игравме против извонреден тим. Во првото полувреме имавме многу проблеми, а Бono одлично го одбрани пеналот. Во второто полувреме се браневме подобро и што е најважно, бевме многу посмирени кога ја имавме топката во нозете. Во тој дел од натпреварот одигравме значително подобро“, изјави 49-годишниот Уахби.