Најголемата ѕвезда на Сенегал веќе нема да игра за репрезентацијата!
Одлуката доаѓа по елиминацијата на Сенегал во осминафиналето на Светското првенство и драматичниот пресврт на Белгија. Повлекувањето на 34-годишниот напаѓач сепак не е целосно изненадување.
Мане уште претходно најави дека Африканскиот куп на нации 2025 година, кој се одржа во Мароко, ќе биде негов последен турнир со репрезентацијата, но на крајот реши да остане и да настапи на Мундијалот.
За репрезентацијата на Сенегал Мане одигра 130 натпревари и постигна 54 голови. Во богатата репрезентативна кариера со националниот тим ја освои титулата на Африканскиот куп на нации во 2022 година.
На теренот го освои истиот трофеј и во последното издание минатата година, но таа титула подоцна, со контроверзната одлука, му беше доделена на Мароко.