Новиот селектор на Португалија: Не гледам никаков проблем во Роналдо

Португалскиот фудбалски сојуз во петокот објави дека Жорге Жесус ќе биде нов селектор, откако потпиша договор до 2030 година.

Жесус до неодамна му беше тренер на Кристијано Роналдо во Ал-Наср, а во разговор со новинарите кажа што мисли за најголемата португалска ѕвезда.

„Уште не сум разговарал со Роналдо. За мене тој никогаш не бил проблем во репрезентацијата. Секој има право на свое мислење. Ќе разговарам со него. Кристијано е легенда на Португалија и задоволство ми е што ќе работам со него“, кажа Жесус.

Фото: Seleções de Portugal