ФФМ донираше повеќе од 30.000 столчиња! (ВИДЕО)

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиќ објави дека донирале повеќе од 30.000 столчиња за игралиштата низ земјата.

ФФМ во првата фаза донираше 8.270 столчиња, а со реализација на втората ќе се поделат уште 9.000 столчиња, додека до крајот на процесот се очекува бројката да надмине 30.000.

„Ветивме дека ќе инвестираме во подобри услови за фудбалот. И тоа го правиме. Во првата фаза дониравме 8.270 столчиња за стадионите и терените низ Македонија. Продолжуваме со реализација на втората фаза од донацијата, со уште близу 9.000 столчиња. На крајот од процесот, нашата донација ќе надмине повеќе од 30.000 столчиња за стадионите и терените во општините што аплицираа до ФФМ“, објави Омерагиќ.