Eкс-светски шампион тврди: Соиграчите го саботираа Роналдо!
Додека многумина го означуваат Роналдо и поранешниот селектор Роберто Мартинез како главни виновници за неуспехот, легендарниот француски фудбалер Јури Џоркаеф изнесе шокантни тврдења на сметка на остатокот од португалскиот тим. Светскиот шампион од 1998 година смета дека во репрезентацијата постоеле поделби и дека дел од играчите не направиле доволно за да помогнат на најголемата ѕвезда.
„Ако го повикаш Кристијано Роналдо, тогаш тимот мора да игра за Кристијано Роналдо. Тоа воопшто не беше случај, а тоа можеше да се види. Соиграчите го саботираа. Не му дадоа поддршка и не му создадоа најдобри можни услови“, изјави Џоркаеф.
Французинот смета дека Мартинез направил голема грешка во изборот на тактиката и начинот на кој го користел Роналдо, бидејќи од играч кој е во петтата деценија од животот не може да се очекува целосно да го промени стилот на игра.
„Сите го знаеме Кристијано, тој отсекогаш игра на ист начин. Што очекувавте, одеднаш да се промени? Или нема да го повикаш во репрезентацијата или нема да го ставиш да игра. Но, ако веќе го правиш тоа, ако го ставаш на теренот, тогаш мора да изградиш тим околу него“, додаде поранешниот француски репрезентативец.